Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА НА ТЕЛМА: Кој има повисок рејтинг Груевски или Заев?

АНКЕТА НА ТЕЛМА: Кој има повисок рејтинг Груевски или Заев?

На прашањето кој политичар заслужува најголема доверба, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се определиле 25,8% од анкетираните, а за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, 24,8%, покажува анкетата која ја спровела агенцијата „М-Проспект“ на барање на Телма и МЦМС.

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, според анкетата има поддршка од 9% од граѓаните, а по него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 6,1% Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја има поддршката на 3,6% од граѓаните, Билал Касами од БЕСА има поддршка од 3 %, додека 14,8%  кажале дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Анкетата е спроведена телефонски, во периодот од 10 до 15 мај, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. 

Слично

Поврзани вести