Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА НА РЕЈТИНГ: Душко Весковски со најголема доверба, води пред Зафировски со 10 отсто

АНКЕТА НА РЕЈТИНГ: Душко Весковски со најголема доверба, води пред Зафировски со 10 отсто

По изминати десет дена од почетокот на изборната кампања за локалните избори 2021, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош – Душко Весковски е со најголема доверба меѓу граѓаните, покажува анкетата на агенцијата Рејтинг.

Спроведена врз 700 испитаника преку непосредно теренско истражување, покажува дека 35,7 проценти од граѓаните на Општина Карпош, ја даваат довербата на Кандидатот за градоначалник, Душко Весковски, предложен од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Истата анкета покажува дека кандидатот за градоначалник на Општина Карпош предложен од опозициската ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се наоѓа на второ место со 25,4 отсто проценти доверба кај граѓаните.

Доколку изборите се одржуваат утре, за кој од овие шест кандидати би гласале?

Percent

Душко Весковски од СДСМ

35.7

Оливер Зафировски од ВМРО ДПМНЕ

25.4

Дарко Ристовски од Левица

8.6

Христа Најданов од Коалиција ЛДП и ДОМ

1.9

Стевчо Јакимовски од ГРОМ

8.4

Не знам сеуште / неопределен

8.6

Одбива да одговори, тајна е

4.7

Нема да гласа

6.7

Total

100.0

 

35,3% проценти од анкетираните граѓани на Општина Карпош се изјасниле позитивно за советничката листа предложена од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, наспроти 24,9% проценти доверба од граѓаните за советничката листа предложена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Доколку утре се одржат локални избори за листата на советници за Општина Карпош на која партија или коалиција би гласале?

Percent

ВМРО ДПМНЕ

24.9

СДСМ – носител на листа Марин Докузовски

35.3

Коалиција на ДОМ и ЛДП

1.9

Левица

9.3

ГРОМ

5.9

Не знае се уште

10.8

Одбива да одговори, тајна е

5.4

Нема да излезе на гласање

6.6

Total

100.0

Од истата анкета може да се утврди дека 41,9 проценти од испитаниците, сметаат дека работите во општина Карпош се одвиваат во правилна насока, а 17,4 проценти сметаат дека урбаноистичкото планирање и уредевање на општината е главниот проблем со кој се соочува општина Карпош.

Целокупната анализа од направената анкета покажува дека доколлу изборната кампања продолжи во оваа насока кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски, предложен од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ ќе победи во првиот изборен круг на локалните избори за 2021 година.


Слично

Поврзани вести