Анкета на Галуп покажа кои бугарски граѓани навиваат да се реши спорот меѓу двете земји
На бугарските граѓани им е поважно решавањето на односите Скопје-Софија, отколку влегувањето на земјава во ЕУ. Ова го покажа анкета на Галуп.
Возрасните испитаници со повеќе од 45 години навиваат за решавање на спорот. Сеедно им е на младите и луѓето со пониско образование. Најголем дел од оние што се двоумат се меѓу помладите испитаници, лицата со основно или пониско образование, како и испитаниците кои се декларирани како Турци и Роми.
За дури 71 отсто од бугарските граѓани е поприоритетно решавањето на односите помеѓу Софија и Скопје од пристапувањето на Македонија кон Европската унија, пренесува БНР. Спротивно мислење имаат 7,5 отсто од вкупно 803 полнолетни испитаници, а 21,4 отсто од граѓаните се двоумат. Само два отсто од испитаниците му даваат предност на прашањето за влегувањето на земјава во ЕУ.
Паѓаат во вода надежите дека месецов ќе има решение.Во земјава, Левица побара прекин на преговорите со Бугарија.
