АНКЕТА: Мнозинството Македонци одговорија во која соседна земја би се преселиле
Во истражување на јавното мислење направено со телефонска анкета од Институтот за политички истражувања од Скопје, на прашањето на прашањето „ако треба да поминете една година надвор од Македонија, во која соседна држава би сакале да живеете“, најголем број или 27% ја избрале Србија.
На прашањето „дали сметате дека во моментов некоја држава претставува закана за Македонија“, поголемиот број, или 54 отсто одговорил со „не“. Мнозинството од оние кои одговорил со „да“, ја избрале Грција како земја која претставува најголема закана за Македонија.
На прашањњето „Кое е вашето мислење за следниве држави“, поголемиот дел од граѓаните одговориле дека од земјите во соседството имаа најпозитивно мислење за Србија, а најнегативно за Косово.
Најомилена земја од понудените на Македонците, пак, им е Германија.
33% од испитаниците се изјасниле со оценка многу негативно кон Косово, додека 32% одговориле дека имаат најнегативно мислење за Албанија. Што се однесува до Грција 28% ја доживуваат многу негативно. Од друга страна многу позитивно мислење за Србија имаат 42% од граѓаните.
