Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Mнозинството Бугари бараат Борисов да не дозволи да почнеме преговори со ЕУ

АНКЕТА: Mнозинството Бугари бараат Борисов да не дозволи да почнеме преговори со ЕУ

Кај источниот сосед 84 отсто граѓани бараат од Владата на премиерот Бојко Борисов да не дозволи почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, додека ние не ги признаеме јазичните и идентитетските бугарски корени.

Бугарската БГНЕС објави анкета со податоци од социолошкото истражување на „Алфа рисрч“.

Само 10,2 отсто одговориле дека Софија треба да ја поддржува Македонија независно од однесувањето кон фактите од историското минато.

54,1 отсто рекле дека Бугарија треба да го признае современиот македонски идентитет само ако Македонија признае дека на почетокот од 20 тиот веке голем дел од населението се самоопределувало како бугарско, а новиот идентитет започнува по 1944 година, без да ги засега граѓаните на Бугарија и нивните предци.

29,5 отсто се против признавањето на македонскиот идентитет, а „за“ се само 6,10 проценти.

Само 4,5 отсто се изјасниле дека Бугарија мора безусловно да го признае македонскиот јазик.

Слично

Поврзани вести