Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Македонците се плашат, а 25 отсто од Албанците сметаат дека короната не постои

АНКЕТА: Македонците се плашат, а 25 отсто од Албанците сметаат дека короната не постои

25  oтсто од етничките Албанци сметаат дека коронавирусот не постои, а 48 отсто од Македонците дека е направен во лабораторија. 

Од Македонците 75 отсто се загрижени за моменталната состојба во светот и земјата, а кај етничките Албанците 56 отсто. Дека не се загрижени, пак, кај Македонците одговориле 24 отсто, а кај Албанците 44 отсто. 

Вкупно 42,7 проценти од граѓаните сметаат дека коронавирусот е излезен од лабораторија. 

36,7 проценти сметаат дека тоа е со намера, а 6 отсто дека е по грешка. 

Околу 23 проценти, пак, не знаат како се појавил, покажуваат податоците од најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и М-Проспект.

25 проценти oд Албанците одговориле дека вирусот е направен во лабораторија со намера.

Од Македонците 5,7 проценти сметаат дека вирусот не постои.

Слично

Поврзани вести