АНКЕТА: Колкумина мислат дека договорот со Грција е позитивен за Македонија?
Според он-лајн анкетата што ја спроведе „Фактор“ на прашањето „Дали договорот со Грција е позитивен за Македонија“ до затворањето на истата гласале 14..534 гласачи, кои имаа можност да одберат еден од трите одговори - а) се согласувам, б) не се согласувам и под в) немам изграден став по ова прашање. Гласањето беше затворено синоќа, а гласачите доброволно по свое убедување пристапија на еден од понудените одговори.
Според резултатите, 5.632 граѓани, или 39% од структурата на анкетираното тело би гласале позитивно, односно одговараат потврдно на прашањето. Повеќето граѓани, 8.232 гласачи, или 57% се изјасниле негативно по ова прашање. Неопределнеите се најмалку - 670 гласови, или 5 насто од структурата кои се уште не знаат како ќе одговорат на евентуалниот референдум, или дали ќе учествуваат на истиот.

„Фактор“ ја спроведува анкетата од 18 јуни по потпишувањето на договорот во Преспа помеѓу двете влади на Македонија и Грција.
Референдумот, чие официјално прашање допрва треба да биде формулирано, според договорот, треба да се одржи во септември или октомври оваа година.
