Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Колкав процент од Македонците жалат за Југославија?

АНКЕТА: Колкав процент од Македонците жалат за Југославија?

45.3% од Македонците жалат за распадот на Југославија, а спротивен став имаат 54.7%. 

Поради распадот на поранешна Југославија најмногу жали населението во Србија и Босна и Херцеговина (БиХ), покажува истражувањето објавено во книгата „Стратегијата на симболична изградба на нациите во државите од југоисточна Европа“, објавија српските медиуми.

Дури 71% од населението во Србија жали за распадот на Југославија, во БиХ истото го мислат 68%, а во Македонија 45%.  За распадот на поранешна заедничка држава најмалку жалат Хрватите, и тоа само 18%, а уште помал е процентот кај населението на Косово.

Истражувањето било направено на 10.500 испитаници од регионот, без Словенија, и опфатило низа показатели за ставовите на луѓето во југоисточна Европа и за нивната поврзаност кон новонастанатите држави, односот кон религијата, националните симболи, минатото, односите со другите народи и прашањето на вината за минатите војни.

Резултатите наведуваат на фактот дека никаде на просторите од поранешна Југославија нацијата не е толку силно формирана како во Хрватска. Истражувањето, пак, кое се однесува на ставовите за војните од деведесетите години од минатиот век, но и државните граници, покажало длабока поделеност помеѓу Србија, Хрватска и БиХ.

Слично

Поврзани вести