Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Колкав процент од граѓаните сакаат да се иселат?

АНКЕТА: Колкав процент од граѓаните сакаат да се иселат?

Дури 39,2% од граѓаните трајно би се иселиле од државата, покажува новата анкета на Телма и МЦМС спроведена телефонски од „М-проспект“ на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. 

За трајно иселување најмногу размислуваат младите. 61% од младите на возраст меѓу 15 и 24 сакаат трајно да се иселат, додека 92% од оние над 65 години сакаат да останат во Македонија. Но, специфично е и што на иселување размислуваат во голем процент и оние на возраст од 35-54 години, а тоа се возрасни групи кои го опфаќаат скоро целиот работоспособен потенцијал.

Гледано по националност, 31% од Албанци би се иселиле додека кај Македонците процентот е повисок, би ја напуштиле државата дури 40% од нив. Како причини за напуштање на Македонија кај дури 50% од испитаниците доминираат две причини, животен стандард и можноста да се најде работа во странство. Од анкетираните скоро 15% одговориле дека би се иселиле поради политичката состојба.

Слично

Поврзани вести