АНКЕТА: Кембриџ е најлоша програма за 25 години
Децата учат во прво одделение според програмата сѐ преку броење, но треба да собираат, одземаат, да пишуваат бројки, а никаде нема како се пишуваат бројките.
Јас сум да има промени, да прифатиме она што е најдобро за децата, но не по секоја цена, не по цена на проект од кој некој ќе се ,,офајди“ . Нека влезат една седмица со децата да работат истите тие, па потоа нека размислат што воведуваат во образованието... Едноставно, со работно искуство од 25 години, со многу промени во образованието, сметам дека Кембриџ е најлошата промена, вели читателка.
Нашите деца нема да добијат добро образование ако продолжат да учат според програмата попозната како Кембриџ, покажуваат резултатите од анкетата која во изминатата недела ја спроведе www.fakulteti.mk. На анонимната анкета одговорија вкупно 1.461 читател. На прашањето дали од учење според Кембриџ ќе добиеме квалитетно образовни деца одговориле 1453 испитаници, дури 87,3 отсто сметаат дека од учењето од учење според Кебриџ нема да добиеме квалитетно образовани деца.
Детали ќе прочитате овде.
