Анкета Детектор: Мнозинството се против уставните измени
Мнозинството граѓани се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за почеток на предговорите со Европската Унија.
Ова го покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Кај 56,1 одсто од граѓаните мислењето е дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5 проценти од анкетираните даваат поддршка за уставни измени.
Кај етничките Македонци дури 72,4 одсто од анкетираните се против таквиот процес.
Слично
