АНКЕТА: Мигрантите не се добредојдени во Македонија, Црна Гора, Унгарија и Србија
Македонија е во групата на четири земји каде мигрантите не се добредојдени.
Тие најмногу се добредојдени на Исланд и во Нов Зеланд, а најмалку во Македонија, Црна Гора, Унгарија и Србија, покажуваат резултатите од анкетата направена од „Галуп“, која ја пренесува британскиот весник „Индепендент“.
Според истражувањето, Македонија на листата се наоѓа на последното, 138 место.
Весникот пишува дека повеќето земји, кои се меѓу десетте најлошо рангирани, се наоѓаат на „балканската рута“ по која минуваа мигрантите на патот од Грција кон Германија.
На испитаниците им било поставено прашањето „Дали е добро или лошо мигранти да живеат во вашата земја, да бидат ваши соседи или да стапат во брак со некој ваш роднина?“.
Повеќето од анкетираните, односно 54%, одговориле дека е добро мигранти да живеат во нивната земја, а половината дека би било добро да им бидат соседи.
Забележано е дека помладите генерации повеќе ги прифаќаат мигрантите, како и жителите кои живеат во урбани средини.
