Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНИТИВИРУСНАТА ТЕРАПИЈА АВИГАН ЗА 100 ПАЦИЕНТИ: Итна помош од Јапонија

АНИТИВИРУСНАТА ТЕРАПИЈА АВИГАН ЗА 100 ПАЦИЕНТИ: Итна помош од Јапонија

Антивирусниот лек „Фавипиравир“, односно Авган веќе им е достапен на пациентите заразени со КОВИД-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес конференција изјави дека од Македонија од Амбасадата на Јапонија, како итна и неповратна помош го добила овој лек кој ќе биде вклучен во терапијата за 100 пациенти. 

-Тоа е антврирусна терапија што во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата во 2014 година и се уште не е одобрен да биде специфичен лек за Ковид-19, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има доста добри резултати воповеќе земји, истакна министерот на вчерашната прес-конференција.  искажувајќи благодарност до Амбасадата на Јапонија.

Филишче посебно истакна дека генеричките форми на Авганот веќе се одобрени во Русија и во Индија,, но, истовремено додаде за да биде дефинитивно потврден потребно е да завршат клиничките студии, иако е очигледно дека има добри резултати кај пацинетите во многу земји. 

-Епидемијата е се уште во полн ек. Состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите. Ова повторно не води до заклучокот дека вирусот е тука, ќе мораме да продолжиме да живееме со него, да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила практично ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, веројатно и следната година. Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик. Тоа ќе го правиме и понатаму, потсети уште еднаш министрот Филипче.

А.Б.

Слично

Поврзани вести