Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар – ова ли се ЕУ стандардите?

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар – ова ли се ЕУ стандардите?

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачко видое на кое се гледаат остатоци од мртви животни во некаква јама. 

Според нивната објава на социјалните мрежи, во јамата се распаднати тела на кучиња и друг отпад кои според ниванта објава се оставени таму од ЈП Лана од Струмица.

- Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар – ова ли се ЕУ стандарди кои им ги продавате на граѓаните, ваков ли е хуманиот третман на кучињата во ЈП Лана?

На територија кај село Сачево каде наводно хумано се третираат кучиња од 5 општини: Струмица, Демир Капија, Ѓевгелија, Велес, Валандово ; на локација која е тешко пристапна, скриена од сите , покрај моралната катастрофа - за убиство на животни чија благосостојба треба да е гарантирана со закон- се случува еколошка катастрофа опасна по сите жители во реонот Доброшинци каде ЈП Лана ги носи мртвите лешеви, дувло на болести и зарази - пишува во нивната објава. 

Од „Анима мунди“ прашуваат дали ова се вдомените кучиња од ЈП Лана, кои како такви фигурираат во некви си смешни извештаи на претпријатието, како бројки?

- Бараме итно постапување од Агенцијата за храна и ветеринарство , темелна истрага и затворање на стацинарот се додека не се овозможат сите услови за хуман третман на животните, обезбеди задолжителен влез на струмичките активисти, казнат општините и сите одговорни и инволвирани за убивањето на животните, градоначалниците на општините кои ги наведовме во кои гледаме наредбодавци.

Бараме итен инспекциски надзор Министерството за животна средина, Државниот испекторат за животна средина , наодите да се соопштат јавно, а сторителите казнат - заклучуваат во објавата.

Видеото може да го видите во продолжение од нивната објава (ВОЗНЕМИРУВАЧКО): 
 

Слично

Поврзани вести