АНИМА МУНДИ НЕМА НИ ЗБОР ЗА НЕСРЕЌАТА СО ПОЧИНАТОТО ДЕТЕ ВО ПИНТИЈА - зошто не се огласи Здружението за заштита на животните
Здружението за заштита на животните Анима Мунди засега не наоѓа за потребно да се огласи околу најновиот бизарен случај во скопската населба Пинтија, каде осумгодишно дете беше до смрт искасано од кучето на својот сосед.
Последната објава на Анима Мунди на нивниот офцијален фејсбук профил е од пред шест часа, каде се бара дом за едно двомесечно кученце, кое било исфрлено.
И претходните нивни постови се однесувааат на вдомување на животни кои немаат дом.
Нема ни збор за немилиот настан.
Според медиумите, роднини на несреќното починато осумгодишно дете, раскажале дека детето често си играло со кучето откако пред четири години со неговото семејство се доселиле да живеат во Пинтија.
Двете семејства имале одлични меѓусоседски односи, а осумгодишното дете често имало контакти со кучето, се до вчерашниот напад, кој за него бил кобен.
Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација. Извори од истрагата за Телма информираат дека сопственикот на англискиот бул мастиф вчеравечер веднаш бил повикан на информативен разговор во полициската станица.
Според неофицијални информации, нападот се случил во боксот каде биле сместени кучињата. Сопствениците не биле дома и куќата била празна, а се претпоставува дека момчето ја прескокнало оградата и влегло во дворот каде кучето го нападнало.
Кучето му ја повредило главната артерија во вратот, поради што момчето искрварило до смрт. Било предоцна кога сопственикот се вратил дома и ја затекнал крвавата сцена. Ја повикал мајката на момчето и го однеле во болница.
Во меѓувреме социјалните мрежи вријат околу овој настан. Се бара контролирање и одредување на тоа кои раси миленици смеат, а кои не смеат да се чуваат како домашни миленици, но и построги правила за сопствениците.Има граѓани кои вината ја посочуваат кон родителите на несреќното детенце, на што други, пак, жестоко реагираат.
