Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Анима Мунди“ го поздрави затворањето на стационарот Вардариште

„Анима Мунди“ го поздрави затворањето на стационарот Вардариште

„Анима Мунди“, здружението за заштита на животните, го поздрави привременото затворање на стационарот „Вардариште“, кој служи за чување на заловени кучиња скитници од градот Скопје. Забрана за заловување ќе трае во рок од 30 дена, а ќе се заловуваат само кучиња кои каснале човек.

„Со години укажувавме на овој проблем, ова е добро за негово решавање. Само се поставува прашањето што ќе се случи со 40-тина кучиња од стационарот. Немаме информација каде се, дали се повторно на улица, дали се здрави. Имаше и многу мали кученца меѓу нив“, велат од таму.

Ставен клуч на врата на стационарот за чување бездомни кучиња Вардариште во Скопје. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство го затвораат објекто поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со направената контрола на 19 март годинава. Со Вардариште стопанисува „Комунална хигиена” –  Скопје.

Инаку кај дел од заловените животни констатирано е нарушено здравје и присуство на болести и утврдено е дека тие во прифатилиштето се сместени во исти простории со здравите животни, бидејќи не постои посебна просторија – карантин наменета за лечење на болните и за опоравување на животните кај кои се извршени хируршки интервенции. Не работела и комората за одлагање на угинатите животни,  а пред ламелите на кафезите не биле поставени листите за хигиена со информации за тоа кога е извршено чистење и со кои средства се спроведени мерките за дезинфекија, дератизација и дезинсекција.


Слично

Поврзани вести