Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Анима Мунди“ бара да може да се прошетаат милениците за време на полицискиот час

„Анима Мунди“ бара да може да се прошетаат милениците за време на полицискиот час

„Анима Мунди“, здружението за заштита на животните, побарала од Владата и Министерството за здравство да им се дозволи на граѓаните да ги прошетаат домашните миленици и истите да можат да ги извршат своите физиолошки потреби и по 21.00 часот, односно во периодот додека трае полицискиот час. Од таму сепак велат дека се уште не добиле никаков одговор за евентуалната можна отстапка од забраната за движење.

– Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, тврдат од „Анима мунди“. 

Од здружението велат дека се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици и дека во овој период се бара дозвола во траење од барем 10 минути.

-Исто така бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство, д-р Венко Филипче дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат коронавирус (Ковид -19), како што соопштува Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника кај населението и непотребно дефокусирање од потребните мерки за справување со понатамошно ширење на вирусот, додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести