Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анго Ангов: Референдумот во Дојран успешен, победи опцијата „против“

Анго Ангов: Референдумот во Дојран успешен, победи опцијата „против“

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, објави дека вчерашниот локален референдум во општината минал успешно со повеќе од 50-настотна успешност, но мнозинството гласови биле „против“ па според тоа нема да има договор за јавно-приватно партнерство за комуналните услуги - водовод и канализација.

Процентот на излезеност бил 53,34 отсто, од кои 402 граѓани гласале „за“, 965 биле „против“, додека 37 ливчиња биле неважечки, според неофицијалните резултати кои ги објавиу Ангов.

„Имавме успешен и мирен референдумски ден, благодарност до сите кои излегоа и го дадоа својот глас. Продолжуваме понатаму во изнаоѓање на други решенија, ова беше само еден пример како треба да функционира едно демократско општество и како се носат битни одлуки во согласност со народот.“, објави градоначалникот на Дојран.


Слично

Поврзани вести