Анѓушев: Услов да се тргне напред е ова решение кое го нуди Македонија
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес изјави дека граѓаните треба да го поддржат референдумот. Вели дека тој мора да успее затоа што Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина.
На граѓаните им рече дека Македонија не треба веќе да тапка во место.
„Услов да се тргне напред е ова решение кое го нуди Македонија во соработка со сите меѓународни пријатели. Да не беше поддршката од меѓународната заедница и да не беше храброста на државата немаше да дојде до ова. Јас им се заблагодарувам на сите граѓани коишто ова го подржуваат. Воедно се заблагодарувам и на меѓународната заедница, затоа што помогна во овој период ние како држава и граѓани тоа да го препознаеме. Тоа е историска шанса која треба да ја искористиме. Мислам дека други вакви шанси нема да имаме“- изјави Анѓушев.
