Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Помагаме да нема градови и села со кал

Анѓушев: Помагаме да нема градови и села со кал

Во Владата пристигнале 202 барања од 80 општини и осум плански региони во висина од 40 милиони евра за реализирањето на планираните проекти за поквалитетен живот преку обнова и развој на селата, осовременување на инфраструктурата, изградба на патишта до земјоделските површини, зачувување и унапредување на традиционалните вредности,…

Денеска Владата додели 17 решенија за поддршка на руралниот развој во општините во рамки на овој проект, а вицепремиерот за економски прашања истакна дека со овие средства ќе се помогне да нема повеќе калливи места за живеење.

- Во тек е административна обработка на барањата иако дел од сумите се веќе одобрени. Ова е прва масовна акција за правање на руралните средини респектабилни места за живеење. Сакаме да ја видиме земјава без кал, секој град да биде убав, а не само два, рече Анѓушев.

За подобрување на квалитет на живот во руралните средини се пристигнати 76 барања за 1.120.188.483 денари, за обнова и развој на селата 64 барања за 624.077.365 денари, за зачувување и унапредување на традиционалните вредности 62 барања за 663.507.505 денари, за инвестиции во пазарна инфраструктура шест барања за 41.269.924 денари, а за патишта до земјоделско земјиште 27 барања за 25.338.173 денари.

– Во дел од општините ќе се реконструираат патишта, ќе се градат канализациски мрежи, велосипедски и пешачки патеки, ќе се уредуваат пазари. Дел од средствата ќе се инвестираат и во планските региони. Владата доделува 38 милиони евра за три мерки за кои општините имаат подготвено проекти – нагласи министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски.

На доделувањето на решенијата присуствуваа градоначалници од повеќе општини. Оваа програма ќе се спроведува три години.


Слично

Поврзани вести