Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев негира дека ја злоупотребил функцијата за јонските акумулатори

Анѓушев негира дека ја злоупотребил функцијата за јонските акумулатори

Вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев не смета дека ја злоупотребил државната функција при укинувањето на царината за увоз на електрични литиум –јонски акумулатори. 

 Анѓушев oдговори на обвинувањата упатени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Станува збор за литиум – јонски акумулаторски батерии за производство на возила, за електрични возила. Не станува збор за акумулатори кои што ги има во секое возило. Одредбата е само за производители, а е на иницијатива на Полска компанија која што има намера во Македонија да отвори фабрика за мали автобуси кои што ќе бидат на електричен погон, а предуслов за отворање на таа инвестиција е практично да се случи ова. Но тоа не е само заради фабриката. Целиот свет оди на електрични автомобили“- вели Анѓушев. 

Додава дека при купување на електричен автомобил доаѓа до ослободување од акциза, со цел да се стимулира еколошкиот аспект, согласно европските стандарди и текови.

СДСМ ја претвори државата во приватна фирма, која работи за потребите на партијата и бизнис моќниците во врвот на власта и безсрамно преку владата со парите на граѓаните ја плаќа царината за акумулаторите кои ги увезува фирмата на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, реагираа деновиве од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести