Анѓушев не сака да ја коментира чистката во партијата на Заев
Вицепремиерот Кочо Анѓушев смета дека не е сериозно да ја коментира одлуката за партиските разрешувања во СДСМ.
Тој денеска одговарајќи на прашањата на новинарите рече дека му е чест што е дел од Владата на Заев, но дека сепак секоја функција е минлива.
-Секој кој добил државна функција треба да биде свесен дека еден ден таа функција и ќе ја напушти и тука јас не гледам голема трагедија во сето тоа. Јас лично сум релаксиран по тоа прашање и мислам дека кој и да било да одговори на тоа прашање освен премиерот е несерозно и немам што да одговорам повеќе-истакна Анѓушев.
Тој посочи дека е релакциран во однос на прашањето околу владините смени и реконструкција.
Слично
