Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев: Најголем извор на загадувањето е загревањето во зимските месеци

Анѓушев: Најголем извор на загадувањето е загревањето во зимските месеци

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека проблемот со загадувањето треба да се реши со дејствување врз изворите, а не врз последиците. 

Тој рече дека анализите покажуваат дека најголем извор на загадувањето е загревањето во зимските месеци, потоа автомобилите, додека индустријата е на трето место, додавајќи дека мора да се измени начинот на греење со ќумур, дрва и гуми, а дека гасификацијата би бил многу важен чекор.

„Уште поголем проблем е што не се постигнати перформансите од енергетски аспект што требало да се постигнат, а се потрошени 65 милиони евра. Ова ќе биде еден од најголемите предизвици за разрешување, а нормално тука веројатно ќе следи и судски спор и институциите ќе си завршат својата работа во делот на одговорноста“- вели Анѓушев.

Анѓушев вели дека за транспортот треба да се најде начин како да се субвенционираат електричните автомобили и на гас, додека во индустријата според него не треба да има толеранција во делот на издувните гасови додавајќи дека во РЕК Битола имало сериозен проблемсо договор од 2012 година кога биле реконструирани котлите, а не се мислело на екологија.

Слично

Поврзани вести