Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев на средбата со Жбогар откри дека се подготвува нов закон за енергетика

Анѓушев на средбата со Жбогар откри дека се подготвува нов закон за енергетика

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар откри дека до крајот на годинава ќе биде донесен нов закон за енергетика кој ќе посвети внимание и на обновливите извори на енергија.

Анѓушев дополни дека реформите во енергетскиот сектор ќе бидат во фокусот на Владата. Во согласност со договорот за Енергетска заедница и препораките на Европската комисија, до крајот на 2017 година ќе биде донесен новиот Закон за енергетика.

„Во новиот Закон за енергетика ќе ги имплементираме Третиот енергетски пакет на Европската унија и мерките препорачани од Енергетската заедница. Ќе работиме на искористување на сите постојни капацитети за производство на енергија во земјата, но ќе поддржуваме и изградба на нови капацитети, особено од обновливи извори на енергија“, дополни Вицепремиерот.

Да постетиме дека денеска токму Фактор изработи Анализа за најпотребните реформи кои треба да ги преземе новата Влада и кои се клучни аспекти на кои треба да им се посвети внимание како борба со енергетската сиромаштија, поголема енергетска ефикасност и користење на обновливите извори на енергија.

Анѓушев исто така вети и еднаков третман на домашните и странските компании како нов принцип за привлекување на инвестиции, а од евроамбасадорот Жбогар доби поддршка за најавените економски реформи.


Слично

Поврзани вести