Анѓушев место Заев во Виена
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе оди на местото на премиерот Зоран Заев на работниот ручек со австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена о другите регионални лидери.
Инаку, Заев уште минатата недела објави дека нема да присуствува на 15-от виенски економски форум.поради други работни обврски.
Инаку на форумот се најавени теми за интеграцијата во ЕУ на земјите од западен Балкан, преку дигитализација до зголемување на регионална соработка.
Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјалниот работен појадок во организација на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а потоа ќе има обраќање на 15. Виенски економски форум, на панел дискусијата на која ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, ќе има свое обраќање на панел дискусијата со министри од владите на Романија, Словенија, Албанија и Бугарија.
