Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев единствен кој се откажа од платата, Заев само од „Мерцедесот“

Анѓушев единствен кој се откажа од платата, Заев само од „Мерцедесот“

Новата влада ветуваше поскромен пристап во начинот на кој се трошат народните пари од буџетот за личните трошоци на министрите како на пример за патувања, ручеци и репрезентација. Во тој дел веќе е ветена поголема транспарентност, но и затегање на „ременот“ со цел да се уверат граѓаните дека нема да дојде до злоупотреби на парите и луксуз на државен трошок. Од друга страна пак, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој инаку е многу успешен бизнисмен со лично богатство проценето на околу 28 милиони евра реши да се откаже од државната плата која му следува и истата ќе ја донира, а ќе се откаже од дел од обезбедувањето и службениот автомобил. Затоа Фактор реши да го постави прашањето до Владата на Република Македонија, конкретно до нејзиниот предводник дали е подготвен на истиот чекор.

Фактор: Дали по примерот на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој реши да ја донира платата за социјални семејства и студенти иста постапка може да очекуваме од претседателот на Владата Зоран Заев?

- Од етички аспект, филантропијата, односно активностите насочени кон хуманитарни и солидарни акции, е личен избор на поединецот. Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, изминатите години, вклучувајќи го и периодот додека беше градоначалник на Струмица и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во континуитет помагал и ќе помага во иднина на секој можен начин за да се олесни животот на социјално ранливите категории население.

Сметаме дека за филантропскиот аспект на премиерот Зоран Заев најдобро ќе ви кажат граѓаните на општина Струмица и од други делови на Македонија.

Дополнително од активностите на Владата на РМ, за прв пат во историјата на земјава со ребалансот на буџетот скратени се финансиски средства од премиерскиот буџет во висина од околу 420 милиони денари за непродуктивни трошоци за кампањи, емитување и реемитување на рекламни спотови во странство, селективна распределба на финансиски средства.

Владата на Република Македонија интензивно работи и претставува еден од приоритети на системско решавање на проблемите кои ги имаа социјално ранливите граѓани, ни одговорија од Владата. 

Кога е во прашање скромноста и оставањето впечаток на прибраност голема врева се крена и од скапиот службен Мерцедес за кого се откри дека претходниот премиер не сакал да знае јавноста дека го поседува. СДСМ преку објавените „бомби“ водеше жестока кампања против претходната власт, но како ќе се однесуваат сега кога тие се одговорни

Фактор: Дали премиерот Заев ќе користи службено возило, како на пример блиндираниот Мерцедес од 600.000 евра?

- Возилото „Мерцедес“ од 600.000 евра ќе се користи кога во Република Македонија ќе пристигнуваат државни делегации од други земји и во возилото ќе се возат високите претставниците на странските делегации. Претседателот на Владата Зоран Заев нема да го користи тоа возило, велат во одговорот од Владата на Република Македонија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести