Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анѓушев вети подобри услови и стандард за рударите

Анѓушев  вети подобри услови и стандард за рударите

Владата подготвува мерки за подобрување на условите и стандардот на работниците во рударството и мерки за поддршка на компаниите кои ќе можат да ги искористат македонските компании, но и странските инвеститори, како што е и рудникот „Саса“, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. 

Тој денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица при што оствари средба со раководството на рудникот.

„Рудниците се значаен извор на приходите во земјава, но посебно денеска разговаравме околу задоволувањето на европските стандарди и норми во практикувањето на рударството во „Саса“, но и останатите рудници“ - вели Анѓушев.

Тој информира дека раководството на рудникот „Саса“ ги презентирало развојните проекти, плановите за заштита на околината и за подобрување на работните услови на рударите.

„Одговорот од нив е дека тие се спремни за соработка, спремни се да го подобрат животот и стандардот на рударите, но и да го продолжат истражувањето во околината на „Саса“, за да го продолжат животот на рудникот“- рече Анѓушев, додавајќи дека раководството искажало подготвеност за соработка со Владата.

Анѓушев го информирал раководството на „Саса“ и за планираните економски мерки за поддршка на компаниите.

Слично

Поврзани вести