Ангеловска: Од буџетот три милиони денари за Медените
Три милиони денари од Владата за екипата која го подготви филмот „Медена земја“. Беше номинаран во две категории за Оскар, а претходно во текот на минатата година впрочем беше еден од најнаградуваните македонски, но и европски филмови. Министерката Нина Ангеловска соопшти дека одлуката била донесена на вчерашната владина седница.
-Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо срце. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот „Медена” на нашата земја.
Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!, напиша Ангеловска.
