Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангеловска објасни за кои фирми мерката 14.500 денари е грант, а кои ќе треба да вратат дел од парите

Ангеловска објасни за кои фирми мерката 14.500 денари е грант, а кои ќе треба да вратат дел од парите

Министерката за финансии Нина Ангеловска даде повеќе детали за мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен.

За кои фирми е грант, а кои фирми ќе враќаат дел од средствата од мерката?

Еве какви се деталите.

Компанија која остварила загуба - нема да ја врати добиената финансиска поддршка
Компанија која остварила добивка, а е “здрава“ компанија, исто така нема да ја враќа, односно ќе може да ја претвори поддршката во грант, ако:
2 години по ред остварувала добивка
нема неплатени давачки
не доцни со отплата на кредити повеќе од 90 дена
го инвестирала добиениот износ за унапредување на работењето и вработените

Компанија која забележала добивка во 2020 ќе врати лимитиран износ до 50 отсто од добивката пред оданочување. На пример: ако компанијата добила поддршка од 5.000 евра, а остварила добивка од 7.000 евра, ќе врати 3.500 евра на три месечни рати во април, мај и јуни 2021 година.

Слично

Поврзани вести