ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНГЕЛОВ ЗА ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЌ: Грција испрати два канадера

АНГЕЛОВ ЗА ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЌ: Грција испрати два канадера

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов вели дека тоа е пожар кој гори неколку дена.

„Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожарот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар е многу тешко да се стави под контрола. Раширен е на поголема територија и претставува опасност да ги зафати и околните шуми“, рече Ангелов.

Тој додаде дека Грција испратила два канадера за да се изгасне огнот.

„Во соработка со колегите од грчка страна, кои понудија поддршка од два канадера, го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС. Вториот ЕР трактор, предмалку слета во Скопје“, вели Ангелов.

Тој информираше дека попладнево избил нов пожар на територија на Крива Паланка, во близина на местото кадешто беснееше пожарот пред неколку дена.

Вчера и денеска регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, за да помогнат во справувањето со огнената стихија во Дојранско.

Oваа сезона две лица загинаа во пожари, во скопско и во кривопаланечко. 

фото ЦУК

ad
Слично

Поврзани вести