Ангелов: Третиот „ер трактор“ ќе дејствува од август
Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС) и два полициски и два армиски хеликоптери. Третиот „ер трактор“ кој е на сервис, се очекува да биде вратен во Македонија на почетокот на август.
Во случај на влошување на состојбата со пожарите, Ангелов посочи дека може да се побара и меѓународна помош, но дека во моментот тоа не е најсоодветната опција бидејќи и другите држави се справуваат со пожари.
фото ДЗС
Слично
