Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов: Скандирањето „УЧК, УЧК“ не оди во прилог на помирување

Ангелов: Скандирањето „УЧК, УЧК“ не оди во прилог на помирување

Скандирањето „УЧК“ за време на кој било протест ја разгорува меѓуетничката омраза, порачува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. 

„Скандирањето „УЧК, УЧК..." за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори. Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот „Монструм" во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица“, напиша Ангелов на Фејсбук.


Роднини на обвинетите во „Монструм“ за кои обвинителката Фатиме Фетаи бара доживотен затвор вчера протестираа и бараа оставка од Фетаи. Тие во текот на протестот скандираа големо албански слогани, и навреди за Фетаи. 

Професорката Тања Каракамишева реагираше за двојни аршини на институциите, коментирајќи го протестот за случајот „Монструм“. 

Слично

Поврзани вести