Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов се извини за шегата дека некој од ВМРО-ДПМНЕ наводно украл пила од Австријците

Ангелов се извини за шегата дека некој од ВМРО-ДПМНЕ наводно украл пила од Австријците

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објасни дека било лажна вест дека од австриските пожарникари е украдена пила. 

Вели дека тој сакал да се пошегува кога ги спомнал припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, коишто помагаа околу гасењето на пожарите, како виновници за наводната кражба. 

„Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на апсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера“, изјави Ангелов.

Сепак, на австриските пожарникари ова не им се случило. Австријци, Словенци, Срби, Бугари, Романци, но и Црна Гора со хеликоптер нешто подоцна помогна во гаснење на пожарите во Македонија. Критично беше во источна Македонија. Народот изрази голема благодарност до сите кои помогнаа. Пожарникарите од Берово со колегите од Словенија договориле соработка. 

Слично

Поврзани вести