Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов предлага Денот на ослободувањето на Тетовското кале да биде Ден на бранителите

Ангелов предлага Денот на ослободувањето на Тетовското кале да биде Ден на бранителите

Стојанче Ангелов, претседател на партијата Достоинство и учесник во војната во 2001 година денеска предложи Денот на ослободувањето на Калето во 2001 година да биде Ден на бранителите. 

Ангелов рече дека Достоинство предлага овој ден да биде прогласен како Ден на македонските бранители и да се одбележува со собири секоја година во интерес на мирот и соживотот во земјава.

„Како тогашен командант на единица бев првиот што се искачив на Тетовското кале, таму затекнавме повеќе тешки митралези со кои беше стрелано врз нас, потоа автоматско оружје, рачни фрлачи, гранати, рачни бомби и друга опрема", рече 

Ангелов. 

Тој рече дека треба да се води сметка и да не се прифати барањето на Алијанса за Албанците и на Алтернатива за лесно добивање на државјанство со само тројца сведоци, бидејќи тоа може да нанесе штета, не само во однос на етнички баланс, туку и заради заканите дека со амандмани ќе блокираат битни економски закони за граѓаните. На денешен ден пред 20 години македонските безбедносни сили го ослободија Тетовско кале од припадниците на ОНА.  Војната во 2001 година заврши со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. 

Слично

Поврзани вести