Ангелов: Пожарот во Батинци е намерно подметнат
Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола.
„Поради ветерот пожарот се ширеше со голема брзина. Скопската противпожарна бригада итно излезе на лице место со неколку возила, на помош дојдоа и два пинцгауера на ДЗС управувани од полицајци од ЕБР, но поради опасноста да биде зафатено и селото Батинци, бидејќи пожарот се движеше во таа насока, по барање на директорот на ЦУК, испративме и еден хеликоптер на МВР, како и два ертрактори на ДЗС кои помогнаа за брзо воспоставување на контрола над овој пожар. Во овој момент можам да кажам дека имаме целосна контрола над овој пожар, има горење уште во долот, но продолжуваат со дејство ертракторите и хеликоптерот. Верувам дека набрзо ќе биде целосно изгаснат“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов.
Тој додава дека има индиции оти пожарот во скопско Батинци е намерно подметнат.
