ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов: Пожарот брзо се ширеше кон Перово, но повеќе не е опасност за селото

Ангелов: Пожарот брзо се ширеше кон Перово, но повеќе не е опасност за селото

Еден од активните пожари во преспанскиот регион е во близина на резерватот Езерани, поточно во атарот на селото Долно Перово.  Првиот ер трактор се движи кон Преспа, а вториот се очекува да полета во секој момент.

„Пожарот брзо се ширеше поради ветрот кон селото Перово, но повеќе не е опасност за селото. Го гаснат  пожарникари од Ресен, со поддршка од локалното население. Еден амфибија „ер трактор“ на ДЗС ја пресече линијата на огнот и им помага на силите кои гаснат од земја, да воспостават контрола врз овој тежок пожар што им се закануваше на неколку села. Наскоро ќе полета и вторит „ер трактор“, рече Ангелов во видео обраќање од терен.

Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека овој пожар е подметнат.

фото принтскрин

ad
Слично

Поврзани вести