Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНГЕЛОВ: Ниеден од авионите за гаснење пожар не е во функција

АНГЕЛОВ: Ниеден од авионите за гаснење пожар не е во функција

Во моментов Македонија нема функционален ер трактор. Ова го соопшти Стојанче Ангелов, кој досега управуваше со Центарот за управување со кризи(ЦУК), а сега ќе раководи со Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС). 

„Ниеден од авионите за гаснење пожар не е во функција. Моментално се на сервис, но ќе бидат подготвени за гасење пожари како и обезбедување на пилоти кои ќе ги управуваат“, рече Ангелов. 

Тој објасни дека во Владата е формирана група која работи на спојување на ДЗС и на ЦУК, нешто што се најавуваше дека треба да се случи до октомври минатата година. 

Ангелов додава дека се работи за усогласување на неколку регулативи и е потребно повеќе време за тоа. 

Мухамед Аљи е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лани и во 2021 година во Македонија имаше големи шумски пожари. Повеќе земји помогнаа за гаснење на огнот. 

Слично

Поврзани вести