Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов: Непоминувањето на Договорот би можело да биде „храна за екстремистите“

Ангелов: Непоминувањето на Договорот би можело да биде „храна за екстремистите“

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека непоминувањето на Договорот со Грција би можело да биде „храна за екстремистите“. 

Според него, без испукан куршум би можело да дојде до поделба на земјата. 

„Ние што ќе правиме во таков случај? Денес имаме една релативно релаксирана атмосфера. Влезот во НАТО ќе ги гарантира границите на Македонија. Опасноста кај нас е внатрешна, од екстремисти кои би го ширеле незадоволството. Преговорите со НАТО течат, ќе седиме на масата“, изјави Ангелов. 

Тој вели дека од ВМРО-ДПМНЕ никој сериозно не размислува на оваа тема. 

Слично

Поврзани вести