Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНГЕЛОВ: Не е точно дека полицајците ја затвориле вратата, ја затворил сопственикот, а имало и стиропорна изолација

АНГЕЛОВ: Не е точно дека полицајците ја затвориле вратата, ја затворил сопственикот, а имало и стиропорна изолација

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој беше присутен на местото на настанот, за порталот ММС ги демантираше шпекулациите дека полицајци ја заклучиле спорната врата поради рација.

„Не е точно дека полицајците ја затвориле вратата. Вратата била заклучена од сопственикот, којзнае од кога, и на неа имало катанец. Од надвор, дополнително, била поставена и стиропорна изолација. Се работи за секундарна врата која била забарикадирана од порано“, изјави Ангелов за ММС.

Вели дека ова е трагедија која не може да се опише со зборови. Во пожарот во Кочани ноќеска загинаа 59 луѓе, а има и 150 повредени. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост. 

Слично

Поврзани вести