Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНГЕЛОВ: Колку што Македонците со бугарски пасош се Бугари, толку и Гоце Делчев е Бугарин

АНГЕЛОВ: Колку што Македонците со бугарски пасош се Бугари, толку и Гоце Делчев е Бугарин

Силни пораки од партиската конвенција упати лидерот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов.

Меѓу коментираните теми во обраќањето на Ангелов беше и последното кошкање од страна на Бугарија за македонскиот јазик но и за потеклото на Гоце Делчев.

Во тој контекст од говорницата пред симпатизерите Ангелов го кажа ставот дека Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците со бугарски пасош се Бугари.

Ангелов потенцираше дека воопшто не треба да се преговара и спори за Македонците, а кажа и дека партијата која ја предводи е за унапредување за јазичните права на сите македонски граѓани, а што се однесува до албанскиот јазик, Стојанче вели дека тој не смее да излезе надвор од мислењето на Венецијанската комисија.


Фото: Фејсбук/Стојанче Ангелов

Слично

Поврзани вести