Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНГЕЛОВ ЌЕ ГИ „СТРОИ“ МЕЧКИТЕ: Владата го задолжи директорот на ЦУК за намалување на опасностите

АНГЕЛОВ ЌЕ ГИ „СТРОИ“ МЕЧКИТЕ: Владата го задолжи директорот на ЦУК за намалување на опасностите

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. 

Владата ги задолжи надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Македонија а во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата. 

 Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат некои од кафеавите мечки. Воедно, директорот на Центарот за управување со кризи е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација како и да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање на услови за намалување на појавата на кафеава мечка во урбана средина.


ФОТО:Фејсбук/Стојанче Ангелов

Слично

Поврзани вести