Ангелов: Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот
Со овој предлог ние не добиваме датум за преговори, вели претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Кажа дека францускиот предлог во одредени делови е понижувачки за Македоцните.
„Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот, затоа што нивната бројка е минорна. Утре може ќе останат овде кај нас 2.000-3.000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме. Ваков каков што е, предлогот треба да биде доработен, но ако ова е конечниот, тој треба да се отфрли. Негацијата на македонскиот народ и идентитет е присутна и кај бугарскиот народ, кој под влијание на пропагандата се сврте против браќата Македонци“, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Вели дека датум ќе добиеме кога ќе се случат уставни измени, а тоа ќе биде тешко затоа што е потребно дво третинско мнозинство.
