Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНГЕЛОВ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Еве кои се причините за благодарноста

АНГЕЛОВ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Еве кои се причините за благодарноста

Лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, на фејсбук изрази благодараност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.
„ На денешната прес конференција пратеникот Ковачки, во име на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, даде подршка на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства кој денес како иницијатива до Собранието беше поднесен од Достоинство.

Со овој предлог закон може да се надмине 22 годишната неправда која им е нанесена на петнаесетина се' уште необесштетени семејства на загинати бранители и десетина воени инвалиди кои останаа необесштетени за ненадоместливата загуба која ја претрпеа во 2001.

Се надевам на поддршка на пратениците од коалицијата предводена од СДСМ како и двајцата пратеници од Левица“, напиша тој на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести