АНГЕЛОВ: Граѓаните кои планираат претстојниот продолжен викенд да го поминат во своите викендички да бидат внимателни
Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов упати порака до граѓаните кои планираат да заминат во викендичките за продолжениот викенд.
„Граѓаните кои планираат претстојниот продолжен викенд да го поминат во своите викендички да бидат внимателни“, апелира Ангелов.
Доколку знаат дека во нивна близина има пожар, тие не треба да одат во своите викендички или треба да појдат само со цел да изработат противпожарни појаси околу нивните куќи кои ги користат за одмор.
„Состојбата е сериозна, иако воспоставивме делумна контрола некои пожари се’ уште можат да бидат опасни и да загрозат села и викенд населби“, рече Ангелов.
Ангелов објави дека во државата веќе е пристигната странска помош. Присутни се хеликоптери од Србија и Чешка, се чека еден хеликоптер од Словенија, два ер трактори од Шведска, два од Германија и тим од Унгарија со 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.
