Ангелов го призна Петровски за учесник во конфликтот
Стојанче Ангелов, владиниот коалиционен партнер од „Достоинство“, на синоќешната дебатна емисија го призна Филип Петровски, активист на „Македонија блокира“, за учесник во вооружениот конфликт во 2001.
„Не реков дека е ветеран на Твитер, туку мислев дека е шега на Твитер тоа. Не знаев дека навистина бил. Потоа, на Твитер излегоа безброј фотографии со Филип од различни фронтови во различни ситуации. Го сменив мислењето. Секако дека му оддавам признание дека бил ветеран“, рече Ангелов во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.
На претходната меѓусебна дебата на истата емисија водителката им се обрати на двајцата како на поранешни учесници во конфликтот во 2001, по што Ангелов рече дека само тој бил ветеран во борбите.
