Ангелов до граѓаните: Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет
Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет, порача директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој попладнево изрази сочуство до сопругот на жената од селото Челопек, во Старо Нагоричане која загина во пожарот што го зафати селото. Го повика граѓаните да бидат внимателни, затоа што еден отпушок од цигара може да убие.
„Безбедноста на прво место на луѓето, куќите ќе ги направиме. Ќе помогне владата, ќе помогне општината. Дрвјата ќе пораснат, нема за една година, им треба многу време, но колку буки или борови вреди еден човечки живот“, праша Ангелов.
Токму затоа ЦУК ќе се фокусира на спасување на човечките животи, да се фокусираме ба заштита на човековото здравје. Вели дека во Европа не постои хеликоптер кој гасне пожар ноќно време.
