Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aнгелов: Додека Груевски повикува да се брани Македонија, тој е во влада со ДУИ која е носител на албанската платформа

Aнгелов: Додека Груевски повикува да се брани Македонија, тој е во влада со ДУИ која е носител на албанската платформа

„Во исто време додека Груевски ги повикува граѓаните да ја одбранат Македонија од нападот со платформата, ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со партијата која е носител на истата таа платформа... Затоа ги повикуваме Никола Груевски, Емил Димитриев и сите министри од редовите на ДПМНЕ да дадат неотповиклива оставка и да престанат да бидат во коалиција со оние кои ја напаѓаат Република Македонија...“

“Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од стравот дека некој ќе ја федерализира Македонија бидејки тие со иста ваква тактика со која деновиве го блокираат Собранието, како силна опозиција ќе можат да блокираат било каков закон кој содржи делови од “Албаската платформа“ и на тој начин ќе бидат гарант дека ниту еден закон кој се коси со интересите на Македонците нема да помине во Собранието...“, изјави денеска лидерот на партијата Достоинство.

Стојанче Ангелов потсетува дека во овој момент функционира техничка влада од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во исто време додека Груевски ги повикува граѓаните да ја одбранат Македонија од нападот со платформата, тој е во коалиција со партијата која е носител на платформата.

Од лидерите на Движењето за Заедничка Македонија, Борис Дамовски и Бетмен Велит и сите што протестираат Ангелов побара да извршат притисок и да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти владата во која се со една од партиите која ја загрозува македонската унитарност.

„Таканаречената албанска платформа е политичка платформа, тоа не е мировен договор, нејзиното спроведување зависи од политичката волја на партиите кои ќе ја сочинуваат идната влада. Зоран Заев беше јасен, дека ниедно барање од платформата кое излегува од рамките на Уставот нема да биде имплементриано во закон. Но и доколку СДСМ се обиде на мала врата да протне закон со кој ќе биде загрозена македонската унитарност, ВМРО-ДПМНЕ има легални алатки со кои може да ги закочи ваквите закони“, посочи Ангелов.

Слично

Поврзани вести