Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ангелов до Дардишта: Бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика

Ангелов до Дардишта: Бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека радикалната изјава на Шкодране Дардишта од ДУИ, која се заканува со војна, го натерала да и одговори во нејзин стил, уверен дека ваквата популистичка, заканувачка и распалувачка реторика веќе не минува кај мнозинството македонски граѓани.

Тој и порачува дека ако таа ги чува своите стари чизми на таванот во старата куќа, тие во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаат нови гојзерици.

„Верувам дека некои од вас се’ уште ги кријат и своите стари пушки но ние, во нашата заедничка македонска Армија имаме современо оружје и воена техника. Можеби вие сте подготвени за час да ги извадите белите патики и да облечети чизми но некои од нас чизмите не ги соблекоа никогаш. Патем, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели, а нашата заедничка држава денес е членка на НАТО“, напиша Ангелов.

Тој и порача на Дардишта да го намали „патриотско” доживување, бидејќи обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не им се допаѓа, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија.

„Или, можеби тие се помалку Албанци од вас? Г-ѓа Шкодране, на нашата заедничка татковина, Македонија, и треба стабилност, безбедност и мир, членство во ЕУ, демократија и економски напредок. За жал изјави како вашите не’ не водат во тој правец. Затоа сосем за крај, апелирам до вас, бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика на која најчесто наседнуваат младите, и, наместо со закани за војна, против политичките процеси борете се со политички и демократски средства“, напиша Ангелов.

Поради новото мнозинство, ДУИ денес одржува состанок. 

На изјавата на Дардишта, претходно единствено реагираше пратеникот од Левица, Борис Крмов. Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат каде е Хелсиншкиот комитет за да реагира. 

Слично

Поврзани вести