Ангелов бара да се изготви регистар со точна бројка на лицата кои учествуваа во војната во 2001 година
Стојанче Ангелов од „Достоинство“ денеска изјави дека настаните од 2001 година мора да се документираат, и да се знае што точно се случувало.
Претседателот на „Достоинство” укажа и дека државата нема регистар, ниту прецизна бројка колку припадници на безбедносните сили учествувале во конфликтот и дека тоа мора што поскоро да се изготви.
Ангелов кажа дека тој освен четири колумни, не напишал книга за војната во 2001 година. Порача дека треба да работиме на помирување. Ангелов кажа дека треба точно да се дефинира кој против кого се бореше, но не за да се поттикнува омраза, туку за да има точни и прецизни податоци за воениот конфликт кој се случи во минатото. Денес имаше церемонија по повод постхумното доделување на признанијата на четворицата починати армиски и полициски генерали, Панде Петровски, Ристо Галевски, Јосип Бошевски и Атанас Јовчески.
