Ангелов: Ангажирана е приватна агенција за обезбедување на „Вардариште“
Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, на денешната прес-конференција рече дека депонијата „Вардариште“ повеќе не гори и дека е ангажирана приватна агенција за обезбедување.
- На „Дрисла“ затрупува тешка механизација, а ер-трактор таму ќе се обиде да ја ублажи состојбата со исфрлање на пена. На депонијата „Вардариште“ нема горење, ниту чадење, ангажирана е и поставена е Агенција за обезбедување, да нема обиди за нејзино повторно потпалување,реферираше Ангелов пред медиумите.
Тој додаде дека „Дрисла“ засега ја чува од натрапници општествено одговорна компанија која, како што рече тој, патролира и не бара пари за тоа од државата.
- „Дрисла е незаштитена од задната страна. Има повеќе начини како може да се запали, но сега не би сакал да зборувам, да давам идеи некому,додаде првиот човек на ДЗС.
Ангелов речедека паралелно и МВР води истрага за потпалувањата и дека Скопје е жртва на неколку семејства кои за да преживеат го трујат пола град.
- Се видов со директорот на Дрисла и стручни лица од таму. Гаснењето е сложен процес, бидејќи се создаваат гасови.Гаснењето и затрупувањето е отежнато поради тоа што околу има токсични води,додаде Ангелов.
